Ливерпул му одржа час по модерен фудбал на Манчестер Јунајтед во првиот осминафинален натпревар во Лигата на Европа победувајќи го со (2-0) на Енфилд.
Фасциниран од атмосферата и задоволен од победата беше менаџерот Јирген Клоп, кој по мечот изјави. – Атмосферата беше неверојатна. Во мое име и во името на играчите сакам да им се заблагодарам на сите навивачи кои ни беа ветар во грбот. Овој е Ливерпул каков што го познавам, и го сакам искрено.
„Црвените“ победата ја осигураа со головите на Даниел Стариџ и Фирмињо во првото односно второто полувреме.
– Бевме добри во секој сегмент од играта. Имавме се што ни беше потребно, не им дадовме да дишат на теренот. Требаше да дадаме уште некој погодок, но и 2-0 е супер резултат. – додаде Клоп.
ЛЕ: Де Геа ги спаси „ѓаволите“ од резултаски дебакл на Енфилд (видео)
OhridNews












