Харизматичниот стратег на клупата од Борусија Дортмунд, Јирген Клоп помислил на најлошото по повредата на Марко Ројс во дуелот со Динамо Дрезден во „покалот“.


Ројс ја напушти играта со помош на клупските доктори, а „милионерите“ обезбедија пласман понатаму победувајќи со 2-0.

– Кога пристигнаа докторите ја очекував нивната првичните гестикулации на лицето, а тие беа страшни и тогаш помислив најлошото за повредата на Ројс. Повредата на Ројс вака не изгледа сериозна има само модринки и ако остане така ние супер поминавме на дуелот со Дрезден. – рече Клоп.

Стручњакот на клупата од Дортмунд се осврна и на острата игра на ривалите. – Топката беше далеку, Марко веќе го помина, а противникот го удри намерно крајно не фудбалски.

Ројс два пати паузираше сезонава поради повреди, а трета би значела крај на сезоната за еден од најдобрите поединци во составот на Клоп.

Мх.П.