Иако тимот на Порто беше еден од најпосакуваните противници во ждрепката за 1/4 финалето од Лигата на Шампиони тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп изјави дека португалскиот состав не бил негова желба. „Црвените“ првиот меч ќе го одиграат на Енфилд, додека реваншот на Драгао стадионот.

Порто не беше на мојата со листа на желби и не сакам да давам забелшки каков е ждребот. Знаеме како и колку треба да се подготвиме и да се покажеме во најдобро светло. Минатата година исто сретнавме и беше многу тешко. Во името на Пеп Лијндерс имаме џокер, бидејќи има играно за Порто и ќе ни даде подеталните објаснувања за нивната игра. – изјави Клоп.

Минатата сезона во 1/8 финалето Ливерпул го елиминираше Порто со вкупен резултат 5-0. Англичаните победија во Португалија со 5-0, а на домашен терен ремизираа без голови 0-0. Ливерпул подоцна стигна до финалето каде претрпи пораз од Реал Мадрид.

OhridNews