„Црвените“ на Виталити стадионот загубија од Бурнмаут (4-3) иако во текот на натпреварот два пати имаа предност од два погодоци (2-0 и 3-1).


Домашните фудбалери со пресврт победата обезбедија три бодови и место во историјата, изнудија многу насмевки и предизвикаа разочаување кај германскиот стручњак Јирген Клоп.

– Прво да им честитам на фудбалерите од Бурнмаут кои заслужено го освоија бодовите. Многу се бореа, ја посакуваа победата и стигнаа до неа. За поразот сме криви само ние и никој друг. Им ја отворивме вратата, тие влегоа ни дадоа неколку голови и заминаа. Мораме, значи мораме кога водиме 2-0 и 3-1 да играме фудбал, бидејќи не завршува мечот кога ќе постигнеш погодок за дуплирање на водството туку после судискиот свиреж. – рече Клоп.

Ливерпул после поразот заостанува четири бодови од Челси кој пак славеше во дербито со Манчестер Сити на Етихад.

Сензација на Бурнмаут, Фелаини го „уништи“ Јунајтед на Гудисон Парк (видео)

OhridNews