Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп иако не ја посакуваше Борусија Дортмунд во 1/4 финалето од Лигата на Европа сепак, среќен е што ќе има можност да се сретне со клубот кој го водеше повеќе од успешно седум години.
Првиот меч од германско-англиската пресметка ќе се одигра на Сигнал Идуна Парк, а тоа ќе преставува враќање на Клоп пред армијата навивачи на Борусија Дортмунд.
– Многу сум среќен од ждребката без разлика што добив противник кој не го посакував. Среќен сум што ќе можам на играчите да им покажам градот и стадионот за кој ме врзуваат само убави спомени и моменти. Само фудбалот може да напише вакви приказни, изгледа затоа и сите го сакаме. – рече Германецот.
Ливерпул одново ќе има тежок противник по елиминацијата на лутиот ривал од Премиер лигата, Манчестер Јунајтед во 1/8 финалето.
– Ако сакате да освоите некој трофеј морате да ги победите најдобрите. Ждребот е одличен и за Лигата на Европа, која сезонава наликува на Лигата од Шампионите. Секој кој гледаше со скептицизам на Лигата на Европа, по овој ждреб сигурно ќе го промени мислењето. – потенцираше Клоп.
Песната „You`ll Never Walk Alone“ која е химна на „црвените“, гласно на секој меч се слуша и во Дортмунд што дополнително ќе го збогати овој двомеч во Лигата на Европа.
– Атмосферата на двата меча ќе биде 100% сјајна. Со нетрпение чекам да одам на стадионот од Дортмунд. Работев таму седум години и нема да биде лесно така да се појавам пред тие луѓе. Посебно не, затоа што сега Борусија има друг тренер и јас не сакам да се наметнувам. Искрено, не ми се допаѓа многу што овој двомеч се врзува со моето име, но тоа што е ќе мора да поднесам и тоа. Сакам да се играчите во центарот на вниманието, а јас со вас новинарите ќе се дружиме после завршување на овие два меча. – заврши германскиот стручњак.
На клупата од „милионерите“, Клоп освои две титули во Бундес лигата и Купот на Германија и еднаш стигна до финалето од Лигата на Шампиони.
ЛЕ: Клоп го доби (не)посакуванато
OhridNews