Германскиот стручњак на клупата од Ливерпул, Јирген Клоп пред две години го крена гласот против Манчестер Јунајтед, кога „црвените ѓаволи“ за 89 милиони фунти го ангажираа Пол Погба од Јувентус. Но, најголемиот поборник на високите трансфери заедно со Ливерпул се впуштија во неверојатна трансфер авантура потрошувајќи над 250 милиони фунти.

Пред почетокот на минатата сезона „црвените“ го ангажираа Салах од Рома за 36,9 од Рома, Окслејд Чемберлејн од Арсенал за 40 милиони, а во зимскиот преоден рок потрошија 75 милиони за дефанзивецот на Саутемптон, Ван Дајк. Во овој летен преоден рок на Енфилд пристигнаа Кеита (52,5), Фабињо (43,7) и рекордниот трансфер на голманот Алисон во висина 66,8 милиони фунти.

  • Што се однесува до трансферите го сменив мислењето. Но, јас тврдам дека подобро е да го смениш мислењето, отколку да го немаш. Сигурно, Манчестер Јунајтед тогаш не ги интересираше јас што зборувам, па сега мене воопшто не ме интересира другите што зборуваат. – изјави Клоп.

51-годишниот стратег алиби за изјавата побара во поместувањето на границите на трансфер пазарот. – Дефинитивно фудбалот се промени последниве години. 100 милиони пред две години беше луда цифра за фудбалер, а сега е сосема нормално.

До крајот на летниот преоден рок во англиската Премиер лига преостануваат уште нецели три недели, а Ливерпул многу веројатно заврши со купувањето.

OhridNews