Германскиот стручњак Јирген Клоп има големи проблеми со повредите пред дебито на клупата за Ливерпул на мечот со Тотенхем во Премиер лигата.


Англичаните Дени Ингс и Џо Гомез потешко се повредија во настапите за националната сениорска односно младинска селекција и ќе бидат аут подолго време од терените.

Кратка пауза ги очекува репрезентативецот на Белгија, Кристијан Бентеке и Бразилецот, Фирмињо кои лечат стари повреди.

Четирите отсуства ќе бидат голем проблем за Клоп кој со „крпен“ состав ќе истрча на Вајт Харт Лејн против мотивираниот составот на Тотенхем.

Ливерпул со 12 бодови се наоѓа на десеттата позиција додека „петлите“ со еден поен повеќе ја заземаат осмата позиција на табелата.

Мх.П.