Без голови и без победник заврши натпреварот на „Вајт Харт Лејн“ помеѓу Тотенхем и Ливерпул во 9-та рунда од Премиер лигата.
На клупата од „црвените“ официјално деби имаше германскиот стручњак Јирген Клоп кој неодамна го презеде составот од Енфилд.
Првиот натпревар од деветтата рунда во најсилната англиска лига не изобилуваше со многу прилики и затоа поделбата на бодовите беше најреален резултат.
Ohridnews











