Дебитанската сезона во дресот на Ливерпул за Садио Мане заврши, откако предвидена му е пауза од два месеци после повредата на коленото.


Репрезентативецот на Сенегал се повреди во градската пресметка со Евертон на која успеа да се запише во листата на стрелци.

Менаџерот на „црвените, Јирген Клоп со право стравуваше за повредата на Мане која сепак не е од најлош карактер. Мане има истегнување на лигаментите, не и кинење што ќе значеше подолга пауза од два месеци.

Фудбалерите на Ливерпул без помошта од Мане го совладаа Стоук со 2-1 на гостински терен и ја продолжија битката за местата на табелата кои водат во Лигата на Шампиони.

OhridNews