Сагата околу Филипе Кутињо заврши со рекорден трансфер на Бразилецот во Барселона. Ливерпул од продажбата на бразилскиот репрезентативец ќе заработи 142 милиони фунти.

„Црвените“ од Енфилд во летниот преоден рок оддолеаја на понудит од Барселона, но каталонците и самиот фудбалер не се откажуваа и на крајот успеаја.

– Овој трансфер очајно го посакуваше иако беше упорен со мене, раководството на клубот и соиграчите. И покрај сите работи успеавме да го задржиме во летниот преоден рок со надеж дека ќе се премисли, но попусто. Професионално си ја одработи работата и немам никакви замерки за неговиот ангажман после летниот преоден рок. Тој беше убеден дека припаѓа во Барселона и цврсто веруваше во овој трансфер кој за негова среќа се оствари. – изјави Јирген Клоп.

Германскиот стручњак рече дека клубот нема да брза со ангажман на нов фудбалер затоа што би бил преголем ризик да се купи така скап играч во овој дел од сезоната.

Видео: Кутињо за рекорден трансфер во Англија премина во Барселона

OhridNews