Со рекорден број на постигнати погодоци вкупно 13 и со пласман на Ливерпул во финалето заврши пресметката помеѓу „црвените“ од Енфилд и римската „волчица“ во 1/2 финалето во Лигата на Шампиони.

Англичаните иако го контролираа резултатот во поголем дел од мечот, на крајот со еден гол постигнат повеќе (7-6) обезбедија меч со Реал Мадрид во финалето.

– Почетокот на натпреварот беше жесток, а јас сум среќен што играчите не потклекнаа и го издржаа налетот на Рома. Ова беше прв полуфинален за двомеч за повеќето играчи и нормално е во некои ситуации да реагираат панично, но добро е што се заврши со пласман во финалето. Имавме среќа во двмечот со Рома, но пласманот во финалето е сосема заслужен. Не смее да се заборави дека и Реал Мадрид кој ќе ни биде противник во Киев имаше среќа во дуелите со Јувентус и Баерн Минхен. Имаме три недели да се подготвиме и да ги покажиме своите квалитети против еден од најдобрите клубови. – изјави германскиот стручњак, Јирген Клоп.

Реал Мадрид во 1/2 финалето го елиминираше Баерн Минхен со вкупен резултат 4-3. Финалето се игра во Киев на 26 мај.

OhridNews