Фудбалерите на Ливерпул со голот на Регнер Клаван во судиското продолжение го совладаа Барнли (2-1) и го зграпчија целиот плен на „Турф Мур“ стадионот. Трите бодови се значајни за „црвените“ кои водат битка со Арсенал за четвртата позиција на табелата во Премиер лигата.
– Дали ги заслуживме трите бодови ? Не ме интересира, битно ги освоивме. – изјави Клоп на почетокот од разговорот после натпреварот и додаде: – Тежок натпревар и кога ќе се додаде и тешкиот распоред и лошото време станува уште потешко. Ни требаше повеќе време да дојдеме до првиот погодок за да го отвориме нашио ривал, а последните минути во кои паднаа двата голови се типични за премиерлигашките натпревари.
Со триумфот против Барнли пулените на Јирген Клоп ја продолжија серијата без пораз на 16-ет натпревари од кои 13 се во Премиер лигата.
OhridNews