Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп беше многу разочаран после поразот од Лестер (2-0) и од елиминацијата во англискиот Лига Куп.
Германскиот стручњак на гостувањето на „Кинг Пауер“ стадионот истрча со комбиниран состав, кој имаше одлични 45 минути. Во второто полувреме „црвените“ потфрлија и домаќините со два голови победија и се пласираа понатаму.
– Во првото полувреме покажавме добар фудбал и имавме многу добри моменти. Но, изгледа забораваме дека фудбалот се игра 90 минути, а не едно полувреме. Лестер преживеа во првиот дел благодарание на нашата нереализација, додека победи поради нашите наивни грешки во одбраната. Уморен сум од промашување и наивни голови кои не чинат бодови, а во случајов елиминација. – изјави Клоп.
Фудбалерите на Ливерпул четири мечеви немаат победа во сите натпреварувања и тимот влезе во резултатска криза уште на почетокот од сезоната.
OhridNews