Екипите на Ливерпул и Вест Хем ќе одиграат уште еден меч во ФА купот откако првиот на Енфилд заврши без голови и без победник (0-0).


На сметка од ремито и згуснатиот распоред во периодот кој доаѓа Јирген Клоп се пошегува со новинарите на пресконференцијата после мечот.

– Игравме добар фудбал, имавме висок процент на посед на топката, пробавме се, но не успеавме да постигнеме погодок. Ни фалеше малку среќа со која ќе извојувавме сигурна победа. Реваншот со Вест Хем нека го закажат претпладне бидејќи уште во тој термин немаме играно. – рече германскиот стручњак.


„Црвените“ во првиот месец од годината одиграа осум натпревари, а исти таков период ги очекува во февруари кога почнуваат мечеви од Лигата на Европа.

OhridNews