Сите погледи во Англија се насочени кон дербито меѓу најтрофејните екипи Ливерпул – Манчестер Јунајтед кое ќе се одигра на Енфилд во недела во 15:05 часот.


Менаџерот на „црвените“, Јирген Клоп запрашан за Сер Алекс Фергусон тој со воодушевување одговори за неговиот придонес во англискиот фудбал.

– Имам неколку навистина добри моменти и спомени од средбите со Фергусон. Навистина претставува посебна чест да се разговара со човек како него. Ми беа потребни 10 минути за да ги сфатам неговите размислувања и неговиот јазик, но потоа се беше во ред. Тој најверојатно е најголемиот на сите времиња, Фергусон е фудбалски Џон Ленон. Имам огромен респект кон него и неговиоте остварувања во фудбалот, не знам дали некој ќе успее да го повтори тоа што тој го направи за време на својата кариера. – рече германскиот стручњак.

Манчестер Јунајтед пред ерата на Фергусон имаше само 7 титули во Премеир лигата, а тој во 26 години минати на Олд Трафорд освои 13 титули шампион на Англија и го помина Ливерпул на вечната листа кој има 18 трофеи.

Мх.П.