Шпанскиот стручњак Рафа Бенитез е пред финална промоција во Реал Мадрид, а на неговото тренерско столче во Наполи ќе седне Јирген Клоп, кој заврши со Борусија Дортмунд.


Клоп се поврзува и со трансфер во Ливерпул, но последните информации говорат дека Германецот ќе се пресели во „Калчо“ лигата.

Масло во огнот додаде германската фудбалска легенда Франц Бекенбауер, кој изјави дека „азурите“ нема да бираат средства да го доведат харизматичниот тренер на Сан Паоло.

За наследник на Бенитез покрај Клоп се споменуваат имињата на Винченцо Монтела, Синиша Мијаловиќ и Унаи Емери.

Мх.П.