Фудбалерите на Клуб Америка од Мексико изборија пласман во полуфиналето на Светското клупско првенство кое се одржува во Јапонија.


Мексиканскот тим во четвртфиналето, со пресврт, со 2:1 го победи Јеонбук од Јужна Кореа.

Јеонбук постигна гол во 23.минута преку Бо-Кјунг Ким, но во второто полувреме Мексиканците постигнаа целосен пресврт, а стрелец на головите беше Силвио Ромеро.


Клуб Америка во полуфиналето, на 15.декември, ќе игра против европскиот шампион Реал Мадрид.

OhridNews