Шкотскиот фудбалски клуб Хартс на неверојатен начин им се заблагодари на навивачите кои 2011 година со сопствени средства го спасија од банкрот.


Хартс на официјалниот дрес за сезоната која доаѓа ги има сите тие 8 000 имиња на навивачи кои во еден момент беа и спонзори на клубот.

Клубот ја преброди финансиската криза и стабилно плови во шкотската Премиер лига каде и следната сезона ќе се натпреварува.

Со ваквиот потег, Хартс уште еднаш демонстираше дека клуб без навивачи е обичен клуб и ништо повеќе.

OhridNews