Суспензиите, повредите и  тактичките формации го “примораа“ стратегот на белите Зоран Ѓорески да се потпре на фудбалерите кои потекнуваат од младинскиот погон на клубот. Така на теренот во Струга за Охрид, покрај искусниот костур на екипата, од првата минута настапија Мартиноски, Меди, Илоски, Китрозоски, како и стружаните Дејкоски и Далчески, додека во вториот дел добија шанса Вељаноски и дебитантот Јакупи. Дополнителен мотив за нив беше присуството на трибините на селекторот на репрезентацијата под 19 години, Драган Бочески.


Среќен сум поради победата, и презадоволен сум од ангажирањето на младите фудбалери. Во ситуација кога комплетниот стандарден среден ред ни откажа, што поради повреди, што поради суспензии, им дадов шанса на младите кои во целост ја искористија и ме убедија дека овај клуб има светла иднина – рече стратегот на “белите”  Зоран Ѓорески.

Младите фудбалери го издржаа притисокот, забележаа и тоа како важна победа притоа симнувајќи ги сомнежите покажувајќи дека и во иднина може да се смета на нив.

М.П.