Екипата на Парма, која може да се пофали со титули и неколку фудбалски легенди го допре дното откако властите во Италија почнаа да запленуваат имот од клубот.
На „млекарите“ одзмени им се три комбиња и еден автомобил и ако во најбрз можен рок не ги подмират платите кон играчите ќе продолжи запленувањето.
Парма веќе ја напуштија неколку играчи меѓу кои е и италијанецот, Антонио Касано поради неисплатени плати и бонуси. На клубот не му се пишува добро ниту на табелата бидејќи се наоѓа на последната позиција, a неодамна беше продаден за едно евро.
Италијанските медиуми не се преголеми оптимисти околу клубот каде некогаш настапуваа Буфон, Ѕола, Канаваро, Креспо, Турам оти ќе се стабилизира и ќе продолжи таму каде што застана.
Ohridnews