Клубот на млади на Општинската организација на Црвениот крст од Охрид по повод Меѓународниот ден на младите под мотото „Од млади за млади“ денеска организира Отворен ден на Градскиот плоштад „Св.Климент Охридски“.

Посетителите, особено младите, ќе имаат можност, во зависност од своите желби и афинитети, да пополнат пристапници и се приклучат во најголемото хуманитарно семејство во светот за со своето делување да придонесат во намалување на ранливоста на населението, информираат од Црвен крст Охрид.
OhridNews











