Манчестер Сити го офијализираше трансферот на голманот Клаудио Браво кој преставуваше најголема трансфер желба на новиот менаџер, Пеп Гвардиола.
Чилеанскиот чувар на мрежата на Етихад доаѓа од Барселона, каде помина две сезони во кои успеа да ја освои титулата од Лигата на Шампиони.
– Многу сум горд што станувам дел од Манчестер Сити. Знам дека клубот се обидува да изгради нешто навистина специјално и јас се надевам дека ќе бидам дел од големи успеси. Не е лесно да се напушти клуб како Барселона во кој минав две фантастични години. Беше фантастично на „Камо Ноу“, но можноста да соработувам со Гвардиола беше премногу добра за да ја одбијам. Ќе се борам за своето место заедно со останатите голмани во тимот и се надевам дека заедно ќе освоиме многу трофеи. – рече Браво на презентацијата.
Каталонците, пак, за замена на Браво го ангажираа Холанѓанецот, Јеспер Силисен кој во Шпанија се сели од холандскиот гигант Ајакс.
OhridNews