Со три погодоци, од кои два беа победнички, охриѓанецот Абдулхади Јахја ја финишираше есенската полусезона во прволигашот Струга Трим Лум. „Црвено белите“, котираат во горниот дел од табелата, а настапите на 21-годишниот фудбалер не останаа незабележани.

Клубови од Хрватска, Турција и Полска биле заинтересирани за услугите на Јахја, пренесува „Спортмедиа“. Младиот фудбалер ја „троши“ втората сезона во составот на Струга Трим Лум, а, годинава сериозно се наметна во плановите на тренерот Срѓан Захариевски.

Јахја кој е под договор со струшкиот прволигаш младинските категории ги помина во Вардар, а настапи има за скопските екипи Еуромилк и Шкупи.

Продолжуваат промените во Работнички

После разделувањето со тренерот Ратко Достаниќ, екипата на Работнички, одлучи да ја прекине соработка со двајца фудбалери. Од Дебар маало заминуваат Јаник Дао и Николче Шаркоски.

„Романтичарите“, пред да започнат со купување на нови фудбалери, ќе треба да го решат тренерското прашање, од кое ќе значат многу работи во некогашниот првак во Првата лига и Купот на Македонија.

OhridNews