Клупскиот авион од фудбалскиот клуб Фенербахче принудно слета на аеродромот во Будимпешта поради скршеното стакло од пилотската кабина.


Како што сведочат пилотите, птица се удрила во предниот дел од авионот и настрадало стаклото од кабината на пилотите.

Информацијата ја потврди и клубот кој треба да отпаува во Манчестер на мегдан со Јунајтед во третата рунда од Лигата на Европа.

Мечот меѓу „црвените ѓаволи“ и Фенербахче на прогрмата е в четврток во 21 и 05 часот.

OhridNews