Елиминацијата на Манчестер Сити од Монако во 1/8 финалето од Лигата на Шампиони стави точка на импресивната серија на Пеп Гвардиола во најквалитетното клупско натпреварување во Европа.
Шпанскиот стручњак водејќи ги Барселона и Баерн Минхен минатите седум сезони секогаш ја минувал првата фаза во нокаут мечевите и најмалку учествувал во полуфиналето.
Првата сезона на клупата од англискиот премиерлигаш го расипа учинокот без грешка на Гвардиола во осминафиналните пресметки со ривалите во Лигата на Шампиони.
„Граѓаните“ во вкупниот биланс немаа негативен скор со Монако (6-6), туку постигнаа гол помалку во гости од противникот.
ЛШ: „Голот во гости“ среќен за Монако против Манчестер Сити (видео)
OhridNews