Со погодок во судиското продолжение екипата на Монако успеа да освои бод на големото дерби со ПСЖ ремизирајќи 1-1.
На стадионот на „Принцовите“ први поведоа домаќините преку Лукас Мура. Одбраната на ПСЖ се до 92-та минута оддолеваше на нападите, а тогаш потклекна и го прими погодокот кој ги чинеше три бодови.
Бранителот на трофејот во француската Прва лига со 15 бодови се наоѓа на третата позиција додека Монако со 11 е на 13-то место на табелата.
Мх.П.