Фудбалерите на Монако во првиот првенствен натпревар во новата година разочараа играјќи само 1-1 на гостувањето кај Монпеље.

Дрим тимот на Монако поведе со голот на Курцава во 52-та минута, домаќините изедначија во 68-та минута со погодокот на Нианг со кој го поставија конечниот резултат.

Конкурентот за титулата на Монако, ПСЖ ќе ја зголеми предноста на пет бодови ако успеа да триумфира на гостувањето во Ајачио.

Мх.П.