Монографијата „Охридски времеплов“ ја посветувам на Охрид, охриѓани и сите вљубеници во градот кој им припаѓа на сите, рече авторот на книгата, публицист и новинар, Илче Стојаноски чија промоција се изврши денес во рамки на чествувањата за „Св. Климент Охридски Чудотворец“.

– Во текот на мојот работен век, задоен од убавината на градот и езерото се обидував да направам нешто специфично кое ќе остане како завет на младата генерација- да го почитува она што го почитувале и нашите предци – исконската убавина на Охрид и Охридското езеро, изјави Стојаноски кој додаде дека во книгата се содржани фотографии кои се одраз на спецификите на градот и дека се надева она што напишано во книгата дека ќе се вреже засекогаш во сеќавањата на читателите .


– Со двете претходни книги „Кажвиме да не се заборајт“ оваа монографија претставува заокружување на трилогијата посветена на Охрид. Во првите две се преточени сеќавањата на повозрасни охриѓани за нивното детство, занаети и обичаи, а во оваа книга Стојаноски сликовито доловува како изгледал некогаш Охрид, рече промоторот на монографијата Владо Жура.



Издавач на книгата е општина Охрид.

Т.Кувенџиска