Книжевен хепенинг и детска театарска претстава денес на плоштадот „Вангел Наумоски“ во рамки на програмата на Општина Охрид „За сите деца“.
Петочна вечер исполнета со култура, фантазија и детска радост! Ве покануваме на две прекрасни случувања за најмладите, на сцената кај плоштадот „Вангел Наумоски“ (мини маркет), велат организаторите.
Од 19:30 часот ќе биде одржан Книжевен хепенинг во рамки на кој ќе можат дечињата да ги запознаат авторите на омилените детски книги, да откријат нови изданија, учествуваат во креативни работилници и да го истражат мини саемот за деца.

Прекрасна вечер под отворено небо за љубителите на книгата и театарот!, додаваат од Општина Охрид.
OhridNews












