Утре во 10:30 часот, во Паркот на поезијата при НУ – Центар за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга, ќе се одржи книжевната манифестација „Приказни од две библиотеки“.

На едно место ќе се сретнат автори од Струга и Корча, обединети од љубовта кон книгата, зборот и културата, во рамките на соработката со библиотеката „Тими Митко“ од Корча, велат од Центарот за култура.

Во рамките на манифестацијата, посочуваат, ќе биде реализирана и посета на Подрачната библиотека во Вевчани.

Ова е приказна за две библиотеки, два града и еден мост – книгата, искануваат.

Манифестацијата е финансирана од Општина Струга.

OhridNews