
Покрај овие наслови, Библиотеката го збогати фондот со повеќе нови книги: „Септемвриски светлини“ – Карлос Руиз Зафон, „Љубовникот на куртизаната“ – Габриела Ким, „На бал со кралот“ – Розалинд Лејкер, „Допирот на музиката“ – Дафне Калотеј, „Кој тропа на прозорецот“ – Линвуд Баркли и многу други. Книгите се набавени во рамки на проектот „Збогатување на книжниот фонд“, одобрен и финансиран од МИнистерството за култура на РМ.
Во Библиотеката пристигнаа и книги од проектот „Превод на 1000 стручни, научни книги и учебници, од кои се учи на врвните, најдобрите универзитети во САД и Велика Британија и од обалста на правото во Франција и Германија. Овие книги се донација од Владата на РМ.
OhridNews











