Поезијата силно одекнува во Македонија, која и покрај сите историски премрежја се уште е жива, како и нејзината поезија. Ова го истакна добитникот на „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата, јужнокорејскиот поетт Ко Ун, на прес конференцијата по повод 53-то издание на најзначајната светска поетска манифестација, која започнува вечерва.

-Чув дека речиси сите македонци се поети, затоа велам дека Македонија е земја на поезијата. Македонија се уште е жива иако поминала низ бројни страдања уште од античниот период, преку средновековниот период до модерната историја. Од тоа искуство на страдание се родила поезијата, процедурата на животот всушност е процедура на македонската поезија.- рече Ко Ун.

Поезијата на Ко Ун кој зад себе има 150 издадени книги, преведена е на Македонски јазик, со што според организаторот на манифестацијата, изграден е мост кон уште една светска литература.

-Востинската татковина на поетот е јазикот, со превод на македонски, негова татковина станува Македонскиот јазик. – рече Мите Стефоски, директор на СВП.

Признанието „Златен венец“ на јужнокорејскиот поет Ко Ун, ќе му биде врачено во недела на традиционалното поетско читање „Мостови“.

Г.М.