Коалицијата што ја предводи СДСМ прва ги достави листите за пратеници до Државната изборна комисија за парламентарните избори на 8 мај. Како што информираат од ДИК, доставени се листи за пратеници за сите шест изборни единици.

Собранието вчера донесе нови измени на Изборниот законик со кои политичките партии односно листите за пратеници ќе го имаат истиот број како и кандидатите за претседател за изборите на 24 април.
OhridNews











