Двојна победа забележа коалицијата „За подобра Македонија“ прдводена од ВМРО ДПМНЕ на локалните избори во Охрид.

Покрај убедливата победа на нивниот кандидат за градоначалник, д-р Никола Бакрачески, коалицијата на ВМРО ДПМНЕ освои и 12 места во 23-члениот Совет на општина Охрид, односно ќе има мнозинство.

Според првичните нофицијални резултати од локалните избори, Сојузот за Македонија освои 8 советнички места, а по едно независните листи предводени од Љупчо Настоски, Павел Попоски и Кујтим Усеини.

OhridNews