Легендарниот кошаркар на „езерџиите“ Коби Брајант во интервју за американските медиуми откри дека голема желба имал да игра со Мајкл Џордан во Вашингтон.


– Многу посакував да се преселам во Вашингтон и да бидам меѓу луѓе кои освојувале трофеи во минатото и кои се снаоѓале кога им било најтешко – рече Коби Брајант.

Желбата на Коби Брајант не се исполни поради Ејб Поли, кој во 2003 стана доминантен сопственик на клубот и веднаш го раскина договорот со Мајкл Џордан пред Коби да стане слободен агент на трансфер пазарот.

– Би биле оличен тим и со сигурност ќе го освоеме шампионскиот прстен неколку сезони во низа – додаде Брајант.

Честа е споредбата на тимските и индивидуалните успеси меѓу Коби Брајант и Мајкл Џордан во НБА лигата, а нема сомнеж дека би биле „страшен“ тандем во иста екипа.

Мх.П.