Британски хуманитарец се бори против слепило и парализа откако бил каснат од кобро. Тој претходно се изборил со маларија денга треска и Ковид-19.

Јан Џоунс бил каснат од индиска кобра во регионот Џодпур во пустинскиот дел на  индиската држава. Тој бил примен во болница во градот Џодпур, на околу 350 километри од регионалниот главен град Џајпур.

-Џоунс дојде кај нас минатата недела откако го касна змија во едно село во регионот. Првично се сомневавме дека е позитивен на Ковид-19 (по втор пат), но беше тестиран и беше негативен, изјави д-р Абхишек Татер, кој го лекувал пациентот во локалната болница. – Додека беше со нас, тој беше свесен и имаше симптоми на каснување од змија, вклучувајќи заматен вид и тешкотии при одење, но тоа се обично минливи симптоми, додаде Татер.

Џоунс бил испишан од болница претходно оваа недела.

– Сметаме дека нема да има долгорочни последици. Ако веднаш не се подобри неговата здравствена состојба, тоа ќе се случи во следните неколку дена, додава лекарот. Тој истакнал дека каснувањата од змија не се невообичаени во руралните области во регионот.

– Татко ми е борец, за време на неговиот престој во Индија тој веќе страдаше од маларија и денга треска пред да добие Ковид-19“, вели неговиот син Себ Џоунс, во изјава на страницата GoFundMe, поставена да помогне во плаќање на неговите сметки и да му се овозможи да се врати до островот Вајт во јужна Англија.

– Тој не успеа да се врати дома поради пандемијата и како семејство ја разбираме неговата желба да продолжи да поддржува многу луѓе кои таму се потпираат на него, додаде Себ. За егзистенција, Џоунс работи со традиционални занаетчии во Раџастан, а преку својата добротворна организација Сабиријан им помага на луѓето.

OhridNews