Мојот концепт е обединето Вевчани и Вевчани за сите луѓе, без разлика на партиската припадност. Време е да покажеме дека градоначалничката функција никако не смее да биде политичка и да претставува извор на делби и поделби. Оттука, ветувам дека поделби по која било основа нема да има. Ќе го слушам секој еден ваш проблем со кој се соочувате во секојдневното функционирање и живеење и во рамките на надлежностите, заеднички ќе го изнаоѓаме решението. Нема нерешлив проблем! Потребно е решавање на сите т.н. „мали проблеми“. Потребно е решавање на сите реални проблеми за кои локалната самоуправа, всушност и постои, рече Спасе Кочовски по промопредвањето на функцијата од неговиот претходник Сашо Јанкоски.
Ќе работиме на креирање средина во која граѓаните ќе бидат активно вклучени во процесот на донесување одлуки на локално ниво и ќе бидат главни двигатели на промените и локалниот развој. Од Вевчани да направиме место каде што градоначалникот е во служба на секој граѓанин, а не е власт. Заедно со општинската администрација, со Советот и со граѓаните, посветено ќе работиме за надминување на предизвиците на новото време, рече Кочовски.

Оставаме 542 000 евра обезбедени средства за општина Вевчани од договорот за заем за „Проект за поврзување на локални патишта“ за кој е веќе изготвена и доставена комплетна документација. Преку средствата заштеда од ТАВ 5.300.000,00 денари веќе се градат 6 канализациони линии. Изработена техничка документација за смена на начинот на греење на Домот на култура и Општина Вевчани, истакна меѓудругото Јанкоски.
Н.С.Ј.













