Еминентната обложувачница Спортинг-бет ја сврсти Македонија во редот на аутсајдери во  прогнозите за победник на 9. група од квалификациите за Светското првенство во Јужна Африка 2010.

Англичаните од Спортинг-бет ни даваат минимални шанси за изненадување во групата во која прв фаворит е Холандија . Коефицинетот на Македонија за евентуална сензација и прво место е 1:40. За само една вложена фунта,   Македонија би им донела на обложувачите 40 фунти.

Во Мундијалските квалификации, во нашата група апсолутен фаворит  е Холандија   со понуда за една вложена фунта да добиете двојно повеќе. Шкотска со однос 7/2 е за нијанса пред Норвешка (4/1), а зад нас е Исланд, чиј триумф во последната група носи премија од 66 фунти за една вложена фунта.

Спортинг-бет не не` есапи како сериозни кандидати за пласман на СП па така нашата репрезентација воопшто не е рангирана како евентуален освојувач на титулата светски првак, ниту во групата со апсолутните аутсајдери Бахреин, Јамајка, Саудиска Арабија и Тринидад и Тобаго.

За светско чудо и евентуален триумф на некоја од овие 4 репрезентации понудата е 1:5000, односно за една фунта Спортинг-бет ќе исплати добивка од 5 илјади фунти.

Најдобро на неполни 3 години пред почетокот на СП котира петкратниот шампион Бразил со однос 4/1, а следат Аргентина (9/2) и Италија (7/1).

[email protected]