Уличната корпа за отпадоци која е поставена на крстосницата помеѓу булеварот „Туристичка„ и улицата „Даме Груев“, вчера попладне беше претворена во контејнер.

Освен во најлонската кеса на корпата, несовесни граѓани го имаа оставено своето домашно ѓубре и на тротоарот.

Со оваа грда слика уште еднаш се покажува ниската еколошка свест, која не му доликува на Охрид како туристички и културен центар.

OhridNews