Кои професии носат најмногу стрес?
07.01.13 00:05
Професионалните војници, директорите на компаниите за односи со јавност, пилотите, новинарите, имаат најстресна професија, додека најмалку стрес трпат универзитетските професори, кројачите, библиотекарите и фризерите, покажало едно истражување на американските научници. Како што пренеле медиумите, експертите од универзитетот во Висконсин направиле листа од 200 професии и количината стрес ја мереле на основа на физичката тежина на работата, ризикот, потенцијалната смртност, патувањата и профитабилноста.
Се воспоставило дека професионалните војници и генералите имаат најстресна работа, бидејќи освен што е физички и психички напорна, одговорни се и за војниците. Најстресна цивилна работа имаат пожарникарите кои секојдневно се излагаат на опасности и многу од нив погинуваат или се повредени. Меѓу најстресните професии е и онаа на директорите на компаниите за односи со јавност, пилотите, извршните директори, фоторепортерите, новинарите, возачите и полицајците. Во најмалку стресни професии спаѓаат и професиите на златарите, службениците, лабораториските техничари и нутриционистите.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com











