За разлика од борбата за градоначалничката функција, нема веќе неизвесност во изборот на членови на советот на Општина Охрид. Најмногу советнички места освои ВМРО ДПМНЕ – 9, СДСМ има 7, ВМРО НП, НСДП  по две 2 , ПЕИ едно советничко место, а во новиот состав на советот ќе има и двајца независни советници.

Меѓу советниците најмногу има инженери, дури 6, двајца економисти и правници, двајца магистри и еден доктор на науки и.т.н.  

Еве кои се 23-цата охридски советници:


ВМРО ДПМНЕ:

1. Борис Стефаноски
дипломиран машински инженер

2. Паско Кузман
археолог
 
3. Каролина Буџакоска
дипломиран менаџер по царина и шпедиција
 
4. Кирил Пецаков
студент
 
5. Дејан Пановски
дипломиран географ
 
6. Јованка Дамоска
магистер по економски науки
 
7. Александар Попоски
сообраќаен инженер
 
8. Љубен Буџакоски
дипломиран машински инженер
 
9. Љубица Смилевска – Мојсовска
дипломиран електроинженер и професор


 
СДСМ:

1. Бранислав Трпчески
Дипломиран економист,

2. Томислав Тунтев
дипломиран инженер за воздушен сообраќај и транспорт, доктор на сообраќајни науки

3. Виолета Мицкоска
Доктор на медицина

4. Душко Јаковчески
дипломиран правник,

5. Ахмед Пател
дипломиран правник

6. Орхидеја Тасевска
магистер на биолошки науки,

7. Ѓорѓи Танески
Градежен техничар

ВМРО НП:

1.Јоне Станкоски
професор по физичко образование

2. Александар Калачоски
 ветеринарен техничар

НСДП:

1. Верица Хајба
туристички работник

2. Драган Пандески
инж. технолог – приватен стопанственик

ПЕИ

1.Кујтим Усеини
приватен стопанственик

Во новиот состав на советот ќе има и двајца независни советници, а општинската изборна комисија во моментов расправа по приговорите, по што ќе се знае кои независни листи освоија советничко место.
Ohridnews