Тешко е да се замисли шминкањето без одредена декоративна козметика.Таа е неопходна акао сакате да ги истакнете сите свои предности на лицето, а можеби и да ги сокриете евентуалните недостатоци. Кармин за усни, пудра, руменило, сенка и маскара. Што е вашиот избор?

Очите се подрачје на лицето кое сакате највеќе да го истакнете и тука користите разна декоративна козметика? Не е доволна само сенка, важно е и моливчето за очи и неизбежната маскара. Токму маскарите се најважни кога е во прашање нагласувањето на трепките со кое вашите очи стануваат поголеми.

Понекогаш е добро да се игра на сигурно и секогаш да се одлучувате за производи за кои знаете дека нема да погрешите. Но, понекогаш е добро и малку да се свртите во друг смер. Како што нема секогаш да ставате иста боја сенка, така нема секогаш да користите иста маскара.

Би било добро кога маскарите би ги сортирале според приликите за кои ги ставате. Кои се најдобрите маскари? Постојат три основни модели кои може да ги користите според  своите потреби. Ако сакате да се забавувате можете да се обидете со маскара во боја.

Иако црната и сината боја се класични бои кои никогаш нема да здодеат, нема да погрешите ако се обидете со други нијанси. Не постои подобро чувство отколку кога своето одлично расположение го покажете и со својот моментален изглед, било да се работи за облека или шминка.

Визажистите се согласни дека може да комбинирате неколку бои, па така на вашите очи може да се пронајде виолетова или зелена боја додека облеката е во други тонови. Бојата на маскарата може да ја прилагодите според бојата на очите или моменталното расположение. Сите бои се дозволени.

За секојдневните активности можете да изберете помеѓу маскарата која ги издолжува трепките и го пружа саканиот волумен. Обидете се да ги избегнувате водоотпорните маскари кои ги сушат трепките и создаваат грутки.

Посебните прилики бараат и посебен изглед, а најдобрата одлука е драматичноста. Најдобрите маскари за овие прилики се оние кои пружаат два ефекти, а тоа се волумен и подолги трепки. Ако искомбинирате светки или појака сенка ќе изгледате како дива од црвениот килим. Пронајдете ја најдобрата маскара и чувствувајте се како ѕвезда.

 

извор:savjetnica.com