По поразот од БиХ македонската кошаркарска репрезентација е во многу незавидна ситуација и за пласман во следната фаза од Европското првенство во Словенија, ќе и биде потребно да се поклопат сите коцки во мозаикот од последното коло во натпреварите во Б групата.
Најпрвин ние треба да ја совладаме Летонија со најмалку 10 коша разлика и повеќе, Литванија да ја совлада БиХ, а Србија Црна Гора.
Колку ова е остварлио одговорот ќе го дознаеме денеска, но веќе се во оптек шпекулации дека Србија ќе и „пушти“ победа на Црна Гора за да пренесе 4 бода во следната фаза, иако црногорците немаат никакви шанси за пласман понатаму.
Со само една добра партија против Србија, Македонија на раб на елиминација од ЕП
OhridNews