Натпреварите во Премиер лигата влегуваат во последната третина, а англиските новинари ги издвоија фудбалерите кои потфрлија сезонава.


Листата на трансфер промашување за сезонава ја предводи фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Мемфис Депај кој за 25 милиони фунти во Англија се пресели од ПСВ Ајндховен.

Втор на листата е Педро кој го засили Челси од Барселона, а трет е белгискиот репрезентативец Кристијан Бентеке. Ливерпул на Астон Вила за услугите на Белгиецот му исплати високи 32 милиони фунти.

Листата на трансфер промашувања:

1. Мемфис Депај (Манчестер Јунајтед-ПСВ)
2. Педро Родригез (Челси-Барселона)
3. Кристијан Бентеке (Ливерпул-Астон Вила)
4. Николас Отаменди (Манчестер Сити-Валенсија)
5. Радамел Фалкaо (Челси-Монако)
6. Јохан Беналоуне (Лестер-Аталанта)
7. Флориан Таувин (Њукасл-Олимпик Марсеј)
8. Фабио Борини (Сандерленд-Ливерпул)
9. Едер (Свонси-Брага)
10. Саломон Рондон (ВБА-Зенит)

OhridNews