Дека титулите од големите натпреварувања не се пресудни за богата кариера покажа шведскиот фудбалер со балкански менталитет, Златан Ибрахимовиќ.
Членот на Манчестер Јунајтед во текот на кариерата која се уште трае никогаш не играл финале во Лигата на Шампиони или некој позначаен натпревар со репрезентацијата на Шведска.
Секоја средба на новинарите со Ибрахимовиќ е приказна за себе, и секогаш Швеѓанецот има одговори само за него препознатливи, но има и три прашања кои никој не смее, а нема ниту храброст да му ги постави.
Околу неговата националност е прашањето кое никогаш не сака да го слушне Ибрахимовиќ. Неговата мајка е по потекло од Хрватска, а таткото е Босанец, а тој пак се кажува како Швеѓанец бидејќи е таму роден и израснат.
Второто прашање е исто поврзано со неговиот приватен живот, а се работи за неговата сопруга Хелена Шегер. Тој на прашањето за најубава жена ќе одговори кратко и јасно мојата сопруга.
Третото и последно прашање е кој е најдобар фудбалер во светот Лионел Меси или Кристијано Роналдо. Сигурно нема да добиете одговор на прашање бидејќи не можете Ибрахимовиќ да го прашате кој е подобар од него.
Од преголема почит кон Ибрахимовиќ, швеѓаните во својот речник го вметнаа неговото презиме што значи богаство или пак нешто бесценето.
OhridNews