Министерството за транспорт и врски ја промовира интернет-страницата: liniskiprevoz.gov.mk/search.aspx на која може да се провери планот на возење на сите меѓуопштински автобуски линии во Република Македонија со пребарување по дестинации.
Секој заинтересиран патник може да одбере појдовна точка и место на патување и со едноставно пребарување се добива преглед на возниот ред, како и податоци за тоа кој превозник ја одржува автобуската линија, како и тоа во кој период и кои денови сообраќа автобусот на дадената линија. До пребарувачот може да се пристапи и преку интернет-страницата на Министерството за транспорт и врски www.mtc.gov.mk
Пребарувачот на постојни автобуски линии претставува целосна база на податоци за автобускиот превоз во Република Македонија и истиот е во рамките на посебниот интернет портал за линиски превоз кој е воспоставен од страна на Министерството за транспорт и врски со цел модернизирање и олеснување на постапките за одобрување на автобуските линии.












