Шпанскиот чувар на мрежата, Давид де Геа со одбранетиот пенал на бекот Лејтон Бејнс ја прекина неговата стопроцетност од белата точка.
Бејнс застана на 12 пенали реализирани по ред. Најдобриот изведувач на ударите од белата точка е Еден Хазард, кој има 16 од 16 броејќи од 2011 година па се до сега.


Со 12 погодоци од 13 пенали во Серија А најпрецизен е Џузепе Роси од тимот на Фиорентина. Во Бундес лигата најуспешен е Сејад Салиховиќ од Хофенхајм со 21 гол од 24 обиди.
Мх.П.











