Фудбалерот на Шахјтор Доњецк, Луис Адријано е ѕвезда на вечерта откако постигна пет погодоци во победата 7-0 над БАТЕ Борисов.


Напаѓачот на украинците со петте погодоци го израмни рекордот на Лионел Меси, кој на дуелот со Баер Леверкузен исто така пет пати ја тресеше противничката мрежа.

На осум натпревари стрелците постигнаа дури 40 голови и поставија нов рекорд во ЛШ.

Најмногу осум погодоци имаше на „Олимпико“ каде Рома претрпе дебакл од Баерн Минхен губејќи 7-1.

Мх.П.