Изминатите неколку години на Охридското Езеро се случија повеќе сериозни еколошки инциденти, но тоа очигледно не ги загрижува надлежните институции на локално и централно ниво, кои, засега, најгласни се кога се проласуваат за ненадлежни за одредена проблематика. Така беше и при секој еколошки инцидент со кој се уништува најголемиот басен со питка вода во Југоисточна Европа. Пред неколку години боја од пловните објекти кои сеуште се пескарат кај каналот Студенчишта заврши во езерото. Потоа следуваа неколку излевања на гориво кај пристаништето, но ниту во првиот случај, а и потоа, не беше откриен загадувачот. Случаите и покрај “вознемиреноста“ која ја манифестираа одговорните завршија со поднесување кривична пријава против непознат сторител, иако во текот на истрагата, како впрочем и при неодамнешниот еколошки инцидент со излевањето на нафта на пристаништето, се тврдеше дека постојат сериозни индиции за можниот сторител. Со покажаната ефикасност на надлежните инспекции загадувачите можат да бидат спокојни, дотолку повеќе што молчат и невладините организации и друштвата за заштита на животната средина, кои освен по некоја реакција во медиумите не ги видовме – слушнавме да излезат со некаков став. Среќа е, барем така говорат податоците на Регионалниот завод за здравствена заштита, што неодамнешното излевање на гориво во езерото не причинило сериозни последици.
За разлика од институциите, граѓаните и тогаш кога се случија еколошките инциденти, но и сега, покажуваат голема загриженост јавно изразувајќи сомнеж во работата на надлежните служби за заштита на Охридското Езеро. На тоа упатуваат и резултатите од анкетата што ја спроведе OhridNews. На прашањето: Дали се толерираат загадувачите на Охридското Езеро? – 76 отсто одговориле потврдно, а 24 проценти размислуваат спротивно. Со анкетата беа опфатени 1686 читатели на OhridNews.
Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова денеска во Охрид го пречека претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, кој престојува во работна посета на Македонија Особено ми е ...
Во манастирот „Св Климент Охридски и св вмч Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид се одржи наречение на новоизбраниот архиереј Дебарско-кичевски, архимандритот Георгиј На Наречението чиноначалствуваше ...
Во присуство на голем број јавни личности, меѓу нив претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, претседателот на Албанија Бајрам Бегај, претседателот на Владата на РМ, Христијан Мицкоски, градонача...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.