Актерите Рајан Гослинг и Џош Бролин наводно се главни фаворити за улогата на Брус Вејн во филмот “Batman vs Superman”. Како што пренеле медиумите, студиото Ворнер Брос сеуште прави листа на актери кои би можеле да се најдат во улогата на Брус Вејн откако Кристијан Бејл се откажал од улогата. Улогата на Супермен би требало да ја репризира британецот Хенри Кавил, ѕвездата од најновиот филм за човекот пајак. Гослинг е еден од младите актери кои наводно се наоѓаат на оваа листа на која е и британецот Метју Гуд. Ѕвездата на серијата “Вистинска крв“, Џо Манданело, исто така бил во игра за улогата на Бетмен.
Еден добро упатен извор близок до студиото тврди дека еден од фаворитите за улогата е Џош Бролин, додека исто така се спомнуваат и имињата на Ричард Армитаж и Макс Мартини. Исто така истиот извор рекол дека кастингот сеуште не започнал како ни дека сценариото не е завршено. “Batman vs Superman” би требало да се појави во 2015 година, а снимањето би требало да почне на почетокот на следната година.